Министерот за економија Бесар Дурмиши беше гостин во емисијата Дневен клик на ТВ21, на која меѓу друго кажа дека близу 5 месеци колку што е во влада, платите на наставниците се зголемени, а наскоро ќе има зголемување на платите и во здравство
„Речиси 5 месеци во Владата успеавме да ги усогласиме коефициентите во образовниот сектор каде наставниците од основните и средните училишта ќе имаат зголемување на платите од 5 проценти. Многу брзо ќе дојдеме до заклучок со корекција на коефициентот во здравството, оние кои работат во нашите болници, ќе имаат зголемување на платата од 40 до 50 проценти“, изјави Бесар Дурмиши во Дејли клик на ТВ21.