ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 11/2024 за именување на директор на Државниот завод за статистика
Врз основа на член 9 став 1, став 2 став 3 и став 4 од Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“бр.54/97, 21/2007, 51/2011, 104/2013, 42/2014, 192/2015, 27/2016, 83/2018, 220/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/2020), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 11/2024
за именување на директор на Државниот завод за статистика
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Државниот завод за статистика, за време од четири години, со право повторно да биде именуван.
- За директор на Државниот завод за статистика може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
1) да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) да има стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен образование;
4) најмалку пет години работно искуство;
5) поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (Б2).
- За директор на Државниот завод за статистика може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас,
- Кратка биографија,
- Мотивациско писмо,
- План и програма за идна работа,
- Уверение за државјанство,
- доказ дека со правосилна судска пресуда не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома за завршено високо образование со стекнати 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен образование;
- доказ дека има најмалку пет години работно искуство;
- меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (APTIS) – најмалку ниво Б2 (Б2).
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Државниот завод за статистика“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.