Ставрески: Владата, како што вети, ги исплати субвенциите за тутунот

Субвенциите за тутунот се целосно исплатени. За два-три дена Министерството за финансии исплати 1,204 милијарди денари на 27 илјади тутунари.

- Како што вети Владата, за само два-три дена исплативме 1,204 милијарди денари на тутунарите во вид на субвенции. Дваесет и седум илјади тутунари, односно 27 илјади семејства ги добија парите. Нека ги користат со среќа, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на нов електронски систем во Царинската управа.