Учество на Министерот Никола Попоски на Croatia Summit, 6-7 јули 2012 год, Дубровник

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска и утре учествува на седмата меѓународна конференција на ниво на Претседатели на Влади и Министри за надворешни работи - Croatia Summit 2012, која во организација на Министерството за надворешни работи на Владата на Република Хрватска се одржува во Дубровник. Темата на овогодинешниот Самит е: Зајакнување на државата и искуствата од ЕУ.

Министерот Попоски имаше и свое обраќање за време на конференцијата во рамките на панелот насловен „Европската перспектива како движечка сила за социјални и политички промени“, при што се осврна на позитивното влијание на европската перспектива врз социјалните и политичките промени на македонското опшество како и за текот на спроведените реформи во оваа насока. Тој исто така се осврна на Претпристапниот дијалог на Високо ниво со Европската комисија - ХЛАД, како мост кон отпочнување на пристапните преговори за членство со Европската унија. Министерот Попоски, изрази очекување дека Европската комисија и оваа година ќе препорача почеток на пристапните прегвори и го повика Европскиот совет, што поскоро да делува во оваа насока, со одредување на конкретен датум.

Меѓународната конференција, Croatia Summit се одржува секоја година и таа претставува платформа за размена на информации за актуелни теми од делот на политиката, безбедноста, економијата, и градењето на стабилна и просперитетна иднина за регионот на Југоисточна Европа и поширокото соседство на ЕУ.