Кралев: Високото образование промотор на вредностите на културата на мирот во развојот на општествата

Министерот за образование и наука Панче Кралев денеска го отвори дводневниот регионален образовен форум „Културата на мирот во високото образование во земјите од Југоисточна Европа“ чиј домаќин и организатор е Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА.

На образовниот форум што се одржува во хотелот „Молика“ на Пелистер, претставници на десеттина универзитети од Југоисточна Европа посветени се на промоција и интеграцијата на вредностите и принципите на културата на мирот во високото образование.

- Форумот треба да ги истакне вредностите со кои се одликува високото образование и со кои со години наназад директно или индиректно придонесува за промоција на многу значајните вредности на културата на мирот во развојот на нашите опшества, посочи министерот Кралев пред учесниците на Регионалнот образовен форум во Битола.

Посебен гостин на образовниот форум на тема „Културата на мирот во високото образование во земјите од Југоисточна Европа“ годинава во Битола е регионалениот директор за високо образование на УНЕСКО Марио Скалет, кој истакна дека високото образование во Македонија има визија како да дејствува во иднина.

- УНЕСКО секогаш поддржува вакви високо квалитетни настани и манифестации. Очекувам и државата да ја даде соодветната поддршка која е во функција на развојот на општеството, посочи Скалет.

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА овој регионален образовен Форум го организира од 2003 година и в година ќе приреди јубилејна програма, беше потврдено на денешното свечено отворање во хотелот „Молика“ на Пелистер.