Американска донација за Граничната полиција на МВР во вредност од околу 68 илјади долари

Амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс денеска на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и ја предаде американската донација за Граничната полиција на МВР во вредност од околу 68 илјади американски долари, како дел од Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност. 

Министерката Јанкулоска нагласувајќи ја извонредната соработка со САД, како пријатели и стратешки партнери, истакна дека оваa програма, преку профилот на реализираните обуки со припадниците на граничната полиција и квалитетот и квантитетот на граничните проверки и надзор, даде огромен прдонес за воспоставување високи професионални стандарди за работа и материјално-техничко зајакнување на оперативните капацитети на граничната полиција.

- Јасно е дека само добро едуциран, обучен и мотивиран персонал, истовремено опремен со современа техничка опрема може успешно да одговори на предизвиците со кои се соочуваат припадниците на граничната полиција во остварувањето на заедничката цел, а тоа е ефикасна борба против сите облици на илегална миграција и прекуграничен криминал, рече Јанкулоска.

Таа истакна дека основен стремеж на МВР во однос на илегалната миграција е креирање сеопфатен оперативен и конзистентен пристап за ефикасно управување со миграциските процеси. Министерката за внатрешни работи подвлече оти Македонија е целосно посветена на реализација на европските политики и стандарди генерално во областа на граничната безбедност, а за остварување на таквата цел битни се, рече, политичката волја, институционалната подготвеност, која подразбира и меѓународно партнерство.

Во рамки на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност која во Македонија е активна веќе 8 години и и дава поддршка на Владата во обуки и донации во опрема за зајакнување на капацитетите, информира амбасадорот Волерс, се обезбедени над 850 илјади американски долари во опрема, а се реализирани над 50 обуки со што околу 300 вработени во МВР се обучени за гранична контрола.

- Оваа даонација ќе го зајакне капацитетот на граничната полиција за надзор и следење на илегални мигранти и ќе ја зголеми способноста за секундарен преглед и откривање миграција на граничните премиени. Помошта ќе даде резултат и за значајно подобрување на безбендоста на македонските граници, рече американскиот амбасадор Волерс.

Актуелните миграциски трендови, информира Јанкулоска, покажуваат дека територијата на Република Македонија и понатаму претставува еден од потенцијалните коридори за транзит на илегални мигранти кон земјите од ЕУ. Напливот на илегални мигранти, особено од земјите на Африка и Азија, го покажуваат и податоците од изминатите 6 месеци односно откриени се 316 илегални мигранти, што е за 50 проценти повеќе од истиот период лани. Речиси половина од нив се од Пакистан, Авганистан, Сомалија, Палестина, Еритреја, Бангладеш, Алжир...

Во рамки на полициските активности за сузбивање на илегалната миграција МВР во посоченот период разоткри 21 случај на кривичното дело „криумчарење мигранти“, а против 29 лица се поднесени содоветни кривични пријави.

Според министерката Јанкулоска, од економската криза во Грција и од нејзиното нерешавање може да се очекува зголемени ризици по Македонија во наредниот период. Факт е, вели таа, дека и претходно нашата јужна граница беше најмногу на удар од илегалците кои сакаа да заминат во европските земји.

- Со продлабочвуање на егзистенцијалните проблеми за гршките државјани, овој тренд само доби на значење, а регионалните центри за гранични работи „Север“ и „Југ“ останаа најранливи особено кога станува збор за мигрантите од Африка и Азија, појасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.