Јавен oглас Бр.08/2025 за именување на директор на Управата за финансиска полиција
Врз основа на член 9 од Законот за финансиската полиција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 12/2014, 43/2014, 33/2015, 27/2016, 83/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.17/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.08/2025
за именување на директор на Управата за финансиска полиција
1. Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Управата за финансиска полиција, на предлог на министерот за финансии, за време од четири години и може повторно да биде именуван за уште еден мандат.
2. За својата работа и работата на Финансиската полиција директорот е одговорен пред Владата на Република Северна Македонија и министерот за финансии.
3. За директор на Управата за финансиска полиција може да биде именувано лице кое ги исполнува следните услови:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност или должност;
3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) Да има минимум пет години работно искуство;
5) Да има потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години.
4. За директор на Управата за финансиска полиција може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 3 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
5. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас,
2) Кратка биографија,
3) Мотивациско писмо,
4) План и програма за идна работа,
5) Уверение за државјанство,
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана на вршење на професија, дејност или должност,
7) Диплома или уверение за завршено високо образование и има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен,
8) Доказ дека има минимум пет години работно искуство,
9) Потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици во Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга, не постари од пет години.
6. Документите од точка 5 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Управата за финансиска полиција“.
7. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
8. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
9. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).
10. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
11. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
12. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.