Јавен повик за изразување на интерес од страна на општините за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА

Институција која огласува: 
Министерството за локална самоуправа
Рок на пријавување: 
30.04.2025

Врз основа на Програмата за користење на капиталните дотации за финансирање на инвестициони проекти на општините и општините во Градот Скопје за 2025 година, број 50-1589/2 од 07.02.2025 година  („Службен весник на РСМ“ број 27/25)  и Извадок од нацрт-записникот од  49та седница на Владата на РСМ, одржана на ден 07.02.2025 година, број 50-1538/12 од 07.02.2025 година, Министерството за локална самоуправа објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
за изразување на интерес од страна на општините за
финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА

  1. ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Предмет на овој јавен повик е изразување на интерес за доделување на средства за финансирање на инфраструктурни проекти од Потпрограмата АА и поднесување на предлог - проекти, врз основа на претходно утврдени критериуми и процедури на Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за образование и наука, Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за спорт и Министерството за култура и туризам, објавени на нивните веб-страни.

Целта на овој отворен јавен повик е да се доделат средства на општините за проекти со чија реализација ќе се придонесе за унапредување на инфраструктурата на локално ниво со директен импакт врз зголемување на економскиот раст, развојот и зголемување на квалитетот на животот на граѓаните.

  1. ИЗНОС НА СРЕДСТВА

Вкупниот износ на средства за финансирање на проекти, согласно овој повик е утврден до 15.000.000.000 денари.

Средствата од ставот (1) ќе се користат врз основа на донесена одлука на Владата на Република Северна Македонија, на предлог на надлежното министерство во соработка со Министерството за локална самоуправа, согласно член 34, член 35, член 39, член 42, член 43 и член  44 од Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2025 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 254/24).

  1. KОРИСНИЦИ НА СРЕДСТВАТА

Право да поднесуваат апликации и предлог - проекти имаат општините и општините во Градот Скопје.

Се повикуваат заинтересираните корисници, како двигатели и носители на потребните промени во економските, социјалните и други развојни активности, да ги достават своите апликации и предлог - проекти, во согласност со утврдените критериуми за финансирање на проекти, од точката 1 од овој Јавен повик.

Критериумите можете да ги превземете од следните линкови:

  1. НАЧИН И РОК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ

Заинтересираните корисници ги поднесуваат апликативните формулари и комплетната проектна документација за јавниот повик  од денот на објавување на овој повик а најдоцна до 30 април 2025 година.

Апликативните формулари се доставуваат до Министерството за локална самоуправа - Комисија за постапување по јавен повик со пропратно писмо во кое е наведено со колку вкупно апликативни формулари се аплицира (за секој проект се пополнува посебен апликативен формулар). Апликативните формулари да се достават во печатена и електронска форма на УСБ (во word и PDF формат) до архивата на Министерството за локална самоуправа, булевар „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје, секој работен ден од 08:00 часот до 15:00 часот, во два оригинални примероци (преземен од веб сајтот www.mls.gov.mk).

Комплетната проектна документација по однос на апликативниот формулар, заинтересираните корисници потребно е да ја достават во архивата на надлежното министерство, во печатена и електронска форма.

Овој Јавен повик се објавува на веб страната на Министерството за локална самоуправа и во два дневни весници (еден на македонски и еден на албански јазик).

Контакт телефон: 075 297-537 Митко Јанкулоски

                      МИНИСТЕРСТВО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

 

Пропратни документи: