Јавен oглас Бр.21/2025 за именување на директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство
Врз основа на член 9 од Законот за шумарска и ловна инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 88/08, 6/10, 36/11, 74/12, 164/13, 43/2014, 33/15, 149/15, 53/16 и 83/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 3/25) и член 27 став (3) и став (4) од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 102/2019 , 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр. 21/2025
за именување на директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство
- Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, со мандат од четири години.
- За директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови, и тоа:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Да има минимум пет години работно искуство;
- Да има потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга не постари од пет години.
- За директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
- Доказ дека има минимум пет години работно искуство;
- Потврда или сертификат за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга не постари од пет години.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр. 2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на Државниот инспекторат за шумарство и ловство “.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.