ЈАВЕН ОГЛАС Бр.27/2025 за именување на директор на Педагошката служба
Врз основа на член 9 став 1, став 2 став 3 став 4 и став 5 од Законот за Педагошката служба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 18/2011, 41/2014, 55/2016 и 64/2018), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.27/2025
за именување на директор на Педагошката служба
1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Педагошката служба, со мандат од четири години, со можност за повторен избор.
2. За директор на Педагошката служба може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:
1) Да е државјанин на Република Северна Македонија;
2) Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
4) Да има минимум пет години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието и
5) Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
3. За директор на Педагошката служба може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni_dokumenti_1.docx
4. Со пријавата кандидатите треба да ја достават следната документација:
1) Пријава по оглас;
2) Кратка биографија;
3) Мотивациско писмо;
4) План и програма за идна работа;
5) Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
6) Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена
7) казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
8) Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
9) Доказ дека има минимум пет години работно искуство во воспитно-образовна дејност или во орган на државната управа надлежен за работите на образованието и
10) Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик не постар од пет години:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) – положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода или
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2).
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Педагошката служба “.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страна) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.