Добар ден и од мене. За мене претставува чест и задоволство што денес сме заедно со градоначалникот и со претставниците на Владата, заедно со пратениците, советниците и со сите оние кои ја поддржуваат работата на градоначалникот.
За мене претставува задоволство затоа што можам да присуствувам на еден нов настан, важен за овој град, но не само за него, туку и за сите граѓани во Полошкиот регион, кои ќе имаат корист од овој проект. Нешто што порано можеби изгледаше невозможно, со напорната работа на градоначалникот, со напорната работа на советниците, на администрацијата, на пратениците — овој проект конечно доби своја димензија и форма.
Јас сум уверен дека овој настан ќе ги доближи работите. Она што можам да го кажам и повторно да го нагласам е дека до овој момент се пријавени околу 416 проекти од 56 општини во рамки на Министерството за локална самоуправа за финансирање на втората фаза.
Владата ги доделува средствата за проекти во општините неселективно, без да води сметка дали тие општини имаат градоначалници кои се дел од владејачката коалиција, како што тоа беше во минатото. Оваа влада ги реалоцира средствата од буџетот кон општините — кон сите општини — без разлика дали градоначалникот е од редовите на оваа влада, од опозицијата или е независен.
Нови 15 милијарди денари, кога ќе се додадат на претходните 6 милијарди од првиот повик, значи вкупно 21 милијарда денари. Како што кажа и градоначалникот, тоа се предвидени средства за финансирање проекти во висина од околу 15 милиони евра — нешто што навистина претставува историска бројка.
Ако на ова се додадат уште два многу значајни проекти за овој регион, ја користам оваа прилика да се заблагодарам на сите советници кои гласаа реконструкција на Кирил Пејчиновиќ, гимназијата, во вредност од прилика 50тина милиони денари, проект донација преку општествената одговорност на една фирма.
Но, тука е и патниот правец којшто Тетово треба да го поврзе со Призрен. Веќе е формирана работна група од наша страна, од македонска страна, од косовска страна којашто ќе работи и на овој проект.
Така што, важно е да се гради. Македонија да се гради, тоа е многу важно.
За разлика од тоа како функционираше порано владата, кога Македонија се крадеше, оваа Влада функционира во насока на интерес на граѓаните, односно-да ја гради Македонија. Тоа е наша цел и тоа е приоритет.
Уште еднаш, дозволете ми на крај да изразам огромна благодарност и честитки и до градоначалникот, и до советниците, и до администрацијата во Општина Тетово, до членовите на Владата, до пратениците коишто доаѓаат од Тетово и од Полошко и од регионот коишто направија не само овој проект, туку и сите други проекти, наскоро да станат реалност и да можат тетовчани и граѓаните од Полошкиот регион да ги користат.