Нови 14 наслови од проектот Превод на 1.000 книги

Нови 14 наслови од проектот "Превод на 1.000 стручни и научни книги и учебници од кои се учи на врвните универзите во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија" беа промовирани денеска во Скопје.

На оваа 40-та јубилејна промоција на книги од овој проект во читалната „1.000 книги“ присуствуваше и премиерот Никола Груевски кој оцени дека проектот напредува со одлична динамика оти на секоја недела или две пристигнуваат новопреведени и испечатени книги кои се подготвени да се вклопат во научната и образовната понуда во Македонија. 

- Денеска се наоѓаме на 40-та промоција на книги од овој проект, на која промовираме 14 нови наслови од областа на природно-математичките науки, филозофските и филилошките науки, дипломатијата, плитиката, туризмот, правото и внатрешната безбедност со што вкупната бројка на досега промовирани дела од овој прокет се изкачи на 683 книги, рече Груевски.

Тој потенцира дека најбитно е што овие книги од најреспективните имиња, професори и научници во светот и нивните знаења, истражувања и констатации се достапни на македонски јазик и за секој во Македонија, нешто, што вели, во минатото не беше замисливо. Покрај за надоградба на образовниот кадар на универзитетите, оваа литература може да им се понуди и на студентите, кои сега имаат вистински избор и можност да повлечат знаење од врвната светска наука.

- Студентите имаат можност да се подготват себеси за суровите правила на пазарот на човечки капитал, како во Македонија така и во светот. На овој пазар тој што има реални и добри познавања ќе напредува, ќе заработува, а сите останати ќе стагнираат. Ќе бараат напредок во други полиеа или во добразување, а на тој пат кон успехот овие книги се голем помошник. Помошник кој порано беше недостапен, а сега треба да се искористи, порача премиерот Груевски.

Министерот за образование и наука Панче Кралев, кој го придружуваше премиерот, изјави дека резултатите од досегашната реализација на овој проект ги надминуваат очекувањата и визиите на Министерството, бидејќи досега преведените книги влегоа во редовните курикулуми во високото образование и им овозмжија на студентите и професорите увид во современите научни дискусии.

- Особено радува фактот што интересот за овие книги како и добриот прием во јавноста почна да се зголемува во континуитет уште од првата промоција на проектот во 2009 година, подвлече Кралев.