Почитувани граѓани,
Владата на денешната редовна 77ма седница донесе низа важни одлуки кои јасно ја покажуваат намерата на оваа Влада да работи на исполнување на ветеното и тоа во предвидените рокови.
После сериозните инвестиции во образованието, преку реформски закони, до инфраструктурни подобрувања и покачувања на платите, следува нова мерка во образованието која сега фокус става на науката. Конечно, со денешната одлука на владата за усвојување на измената на Програмата за научно - истражувачка дејност за 2025 година за прв пат во историјата научните бази Web of Sience и Scopus стануваат бесплатни за сите државни универзитети, МАНУ и Универзитетот на Југоисточна Европа. Факултетите, научниците и младите ќе можат да ги користат овие реномирани научни бази бесплатно. Со ова, најпрестижните списанија и трудови стануваат достапни за сите. Министерството за образование и наука ја презема оваа одговорност и ќе го обезбеди пристапот. Ова отвара можност за конечен напредок и конкурентност во науката.
Воедно, денес се усвоија два клучни закони кои се дел од реформската агенда чиј рок за донесување е јуни 2025 година. Станува збор за Законот за електронски комуникации и Закон за безбедносни мрежи и информациски системи или поконкретно за прв пат се носи закон посветен на сајбер безбедноста. Ова се два клучни реформски закони кои покажуваат дека Владата отвара ново поглавје во дигиталната трансформација на Македонија.
Продолжуваме со реформи и промени, бидете информирани!