Интервју со кандидатите по објавен Јавен повик бр. 04/2025
Комисијата за селекција, по објавениот Јавен повик бр. 04/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на надзорен одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија – Скопје, известува дека на ден 30 мај 2025 година (петок) со почеток во 11:30 часот, во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Сала 3 (до Архивата), ќе се спроведе интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција.