Петти состанок на Заедничкиот мониторинг комитет за ИПА

Денеска се одржа петтиот состанок на Заедничкиот мониторинг комитет за Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Со комитетот претседаваа заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања и национален координатор за ИПА д-р Теута Арифи и Александра Кас-Грање, директор во Директотратот за проширување на Европската комисија.

На состанокот присуствуваат претставници на ДИС структурите од сите пет ИПА компоненти, претставници на ревизорското тело за ИПА, претставници на оперативните структури и претставници на генералните директорати за проширување, регионална политика, вработување, социјални работи и инклузија и земјоделство и рурална политика, како и претставници на Делегацијата на ЕУ и на меѓународните финансиски институции во земјата. 

За време на состанокот, кој има мандат да ја следи ефикасноста на целата ИПА, се разменија мислења за напредокот постигнат во спроведување на сите пет компоненти на ИПА поединечно како и за предизвиците со кои се соочува и ќе се соочува администрацијата во спроведување на ЕУ фондовите. 

Како резултат на дискусијата на крајот на состанокот се донесоа заеднички заклучоци и препораки кои треба да придонесат кон подобрување на ефикасноста и одржливоста на воспоставениот национален систем и на спроведувањето на соодветните Националните/Оперативните програми.