Доктори специјалисти од Македонија ќе се обучуваат во Универзитетскиот клинички центар во Виена

Реализација на планот за обуки на доктори специјалисти од Македонија во Универзитетскиот клинички центар во Виена, како и размена на доктори-специјалисти од областа на патологија, онкологија и офталмологија, беа темите на денешните средби на  министерот за здравство Никола Тодоров во австрискиот главен град, со ректорот на Медицинскиот факултет при Универзитетскиот клинички центар, Волфганг Шутц, како и со директорот на Институтот за патологија, проф.д-р Донтчо Керјачки.

Од страна на менаџментот на оваа установа, соопшти Министерството за здравство, беше искажана отворена поддршка за спроведување на овие обуки.

Посетата  е во рамки на континуираните заложби на Министерството за проширување на можностите за дообука и за прифаќање наши кадри во реномирани медицински установи во Австрија и во другите земји од регионот, стои во соопштението.