Јавен повик бр. 05/2025 за пријавување на кандидати за избор на 1 член на УO на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и 1член во НО во ЈПДП

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
07.07.2025

Врз основа на член 17, член 17- а став 1, член 26 и член 26-а од („Службен весник на Република Македонија“ бр.38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/2010, 6/2012, 119/2013, 41/2014, 138/2014, 25/2015, 61/2015, 39/2016, 64/2018, 35/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.275/2019, 89/2022, 274/2022 и 208/2024) и Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на јавно претпријатие, начинот на поднесување на пријавата, обрасците за пријавување и начинот на бодување и селекција на кандидатите („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.213/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува:

 

Ј А В Е Н    П О В И К   бр. 05/2025

за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. и 1 (еден ) член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта

 

  1. Владата на Република Северна Македонија на предлог на генералниот секретар, на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија https://vlada.mk , на веб страницaта на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о.  https://www.makedonijapat.com.mk и на веб страницaта на Јавното претпријатие за државни патишта https://roads.org.mk/ oбјавува Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на:
  • 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. и
  • 1 (еден ) член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта.

 

  1. За член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о., може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија;
  2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование;
  3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност и
  4. Да има најмалку пет години работно искуство од областа на финансиското работење.

 

  1. За член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
  1. Да е државјанин на Република Северна Македонија,
  2. Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование од областа на правните науки,
  3. Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  4. Да имаат и соодветно работно искустви и тоа:

- најмалку пет години работно искуство од областа на правните работи.

 

 

  1. Со пријавата заинтересираните кандидати задолжително треба да ја достават следната документација:
  1. Образец за пријавување,
  2. Кратка биографија,
  3. Мотивационо писмо,
  4. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија,
  5. Уверение или диплома за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен образование, соодветно за позицијата за која аплицира, 
  6. Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
  7. Доказ дека има најмалку пет години работно искуство соодветно за позицијата за која аплицира,  (Преглед на регистрирани податоци во матична евиденција од Фонд на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија)
  8. Сертификати, лиценци, уверенија, дипломи издадени од овластени, односно акредитирани институции за нивно издавање согласно закон за бараната позиција.

  1. Документите од точка 3 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул.„Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За Јавен повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. и 1 (еден ) член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта“.
  2. Членот на управниот/надзорниот одбор на јавното претпријатие го именува, односно разрешува основачот на јавното претпријатие - Владата на Република Северна Македонија, со мандат до истекот на мандатот на постојниот состав, со право на уште еден последователен мандат.
  1. Член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие не може да има лично, преку трето лице или по било која основа, интереси во претпријатие или трговско друштво кое е во деловни односи со јавното претпријатие, кои можат да имаат било какво влијание на неговата независност и непристрасност во одлучувањето во јавното претпријатие. Секој член на управен/надзорен одбор, е должен да го предупреди основачот на постоењето на ваков интерес кај еден или повеќе членови на надзорниот одбор.
  2. Неспојливи се функцијата претседател и член на управен/надзорен одбор на јавното претпријатие со функциите претседател и членови на Владата на Република Северна Македонија.
  3. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавување на јавниот повик.
  4. Повикот ќе биде објавен на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија и на веб страницата на јавните претпријатија.
  5. Краен датум за пријавување е  7.7.2025 година.
  6. Непополнета пријава како и некомплетната документација и документацијата доставена по истек на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

 

 

Пропратни документи: