Јавен oглас Бр.61/2025 за именување на директор на Управата за животна средина
Врз основа на член 161-а и член 161-б од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 3/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 39/16, 99/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/22, 171/22, 3/25 и 124/25), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.61/2025
за именување на директор на Управата за животна средина
- Владата на Република Северна Македонија ќе именува директор на Управата за животна средина, орган во состав на Министерство за животна средина и просторно планирање, со мандат од четири години.
- За директор на Управата за животна средина, може да биде именувано лице кое ги исполнува следниве услови:
- Да е државјанин на Република Северна Македонија;
- Во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Да има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Да има минимум пет години работно искуство;
- Да поседува еден од следниве меѓународно признати сертификати или уверенија за активно познавање на англискиот јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода,
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
- сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик) на најмалку ниво Б2 (В2) од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
- За директор на Управата за животна средина, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнителните критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
- Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;
- Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Доказ дека има минимум пет години работно искуство;
- Меѓународно признат сертификат или уверение за активно познавање на англискиот јазик:
- ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 74 бода,
- ИЕЛТС (IELTS) - најмалку 6 бода,
- ИЛЕЦ (ILEC) (Cambridge English: Legal) - најмалку Б2 (B2) ниво,
- ФЦЕ (FCE) (Cambridge English: First) - положен,
- БУЛАТС (BULATS) - најмалку 60 бода,
- АПТИС (АPTIS) - најмалку ниво Б2 (B2) или
- Сертификат, уверение и/или потврда со кои се потврдува познавањето на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски или германски јазик) на најмалку ниво Б2 (В2) од Европската референтна рамка на јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга.
- Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување на директор на Управата за животна средина“.
- Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
- Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните одбори и слични тела).
- Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.31/25 и 111/25).
- Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
- Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
- Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.