Интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција по Јавен оглас бр.05/2025

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
11.07.2025

Комисијата за селекција, по објавениот Јавен повик бр. 05/2025 за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на 1 (еден) член на Управниот одбор на Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје ц.о. и 1 (еден ) член на Надзорниот одбор за контрола на материјално - финансиското работење на Јавното претпријатие за државни патишта, известува дека на ден 11 јули 2025 година (петок) со почеток во 13:30 часот, во просториите на Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Сала 3 (до Архивата), ќе се спроведе интервју со кандидатите кои успешно ја поминале административната селекција.