Оддаваме почит на сите невини жртви на геноцидот во Сребреница

На денешен ден, 30 години по трагедијата во Сребреница, оддаваме почит на сите невини жртви и изразуваме солидарност со нивните семејства. Овој геноцид останува траен потсетник на обврската за зачувување на мирот, човековите права и достоинството на секоја личност.

Во овие моменти на сеќавање, со пиетет се присетуваме и на сите други народи кои во различни времиња биле погодени од страдања, прогони и неправди – меѓу кои и македонскиот народ, кој во 20 век ги почувствува последиците од политичко насилство и егзодус.

Да учиме од минатото и да создаваме иднина во која таквите трагедии никогаш нема да се повторат.