Ние во првите 6 месеци имаме некаде околу 13,5 проценти раст споредено со претходниот 6 месеци минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски истакна дека со организиран пристап и посветеност се постигнуваат резултати во делот на туризмот.
Знам што сработивме изминатите 6 месеци за после оваа туристичка сезона која ќе заврши, надвор од туристичката сезона на нашите главни туристички центри повторно ќе имаме гости кои што ќе бидат во бројка од неколку 10тици илјади кои што ќе генерираат неколку стотици илјади преноќувања. Зборувам за бројка од 40, 50, 60 илјади гости кои ќе бидат надвор од сезоната и зборувам за бројка од 150, 200, 300 илјади преноќувања, нешто кое што сме го немале во минатото, рече тој и додаде:
Така што организираниот пристап дава резултати. Мораме сега да се справуваме и со ова сега кое што се случува околу Охрид, охридското езеро и УНЕСКО. Добивме одреден период да она што зависи од нас да го отстраниме недостатоците. Ние веќе формиравме тим. Тој тим ќе почне сериозно да се занимава со оваа проблематика. Така што тоа што како Влада можеме да го правиме, тоа го правиме, дециден е Мицкоски.