Средба на вицепремиерот Николоски и евроамбасадорот Рокас

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска оствари средба со шефот на Делегацијата на ЕУ во државата, Н.Е. Михалис Рокас.

Министерот Николоски го информираше евроамбасадорот за прогресот на актуелните проекти под надлежност на Министерството за транспорт, со акцент на проектите во патната и железничката инфраструктура како дел од Коридорите 8 и 10.  

Соговорниците разменија мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, како и за можностите за отпочнување на капитални проекти во државата поддржани од Унијата, која е силен и стратешки партнер како во процесот на пристапување на државата во европско семејство, така и во обезбедувањето на финансиска поддршка на низа значајни проекти.