Добро е да се направи споредба меѓу параметрите што ги прават СДСМ и ДУИ кога тие беа во Владата седум години во периодот јуни 2017 до мај 2024 година, кога порастот на реалната нето-плата што ја зедоа вработените во Македонија беше околу 3,5 проценти и оваа една година на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата односно од јуни 2024 до јуни 2025 кога реалниот пораст на нето платата е 6,5 проценти, одговори денес претседателот на Владата Христијан Мицкоски на вчерашниот обвинувања од страна на претседателот на СДСМ Венко Филипче.
Математички, но и било како гледано, 6,5 отсто е речиси двојно повеќе од 3,5 проценти. Селективниот пристап и ваквиот тип на политика на СДСМ донесе резултати во Македонија како што бевме сведоци изминатите седум години катастрофални и уништувачки. Но она што е поважно и мој совет до раководството на СДСМ е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија, рече тој им порача дека СДСМ треба да е конструктивна опозиција, наместо да лиферува невистини.
Мој совет до СДСМ и до луѓето од раководството е дека тие со ваквиот селективен пристап ја уништија и сопствената партија. Мојот совет е да конечно бидат конструктивна опозиција, наместо да спинуваат и да лиферуваат навистина да почнат да предлагаат нешто коешто ќе значи подобар живот за граѓаните, но и за нас како Влада ќе претставува нешто што е предизвик којшто ние би го прифатиле и би го имплементирале во нашите политики, со еден збор да бидат конструктивна опозиција бидејќи тоа е она коешто им е потребно денеска на граѓаните.