По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денес делегација на Владата на РС Македонија, предводена од вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, положи свежо цвеќе пред Спомен-костурницата во Куманово.
Со овој чин се оддаде достојна почит на хероите кои ги положија своите животи за слободата, достоинството и иднината на македонскиот народ и држава.
Вицепремиерот Стоилковиќ истакна дека 11 Октомври останува симбол на борбата против фашизмот и копнежот за слобода и достоинство на македонскиот народ и сите нејзини граѓани и им одаде почит на загинатите борци за слобода.
Делегацијата се поклони пред спомен-обележјето во знак на длабока благодарност и сеќавање на историската жртва и визија на генерациите кои ја поставија основата на денешната држава.