Министерот за здравство, Азир Алиу денес беше во посета на Радуша, каде повторно се отвори амбуланта која претходно беше запуштен и нефункционален простор.
-Денес е навистина посебен ден за Радуша. По речиси една и пол година, амбулантата повторно ги отвора вратите за своите жители. Овој простор, кој беше запуштен и нефункционален, денес е целосно обновен на наше особено задоволство. Амбулантата располага со современа опрема и услови достојни за едно модерно здравство на примарно ниво. Горд сум што првпат амбулантата ќе ја води доктор од самото село, тоа е докторот Руфат Ќаили, кој ќе биде тука секојдневно за потребите на граѓаните, истакна Алиу при посетата.
Со овој чекор покрај самото отворање на здравствена установа, се унапредува достапноста до здравствени услуги, што е во интерес на сите граѓани.