Средба на Арифи со еврокомесарот Филе

Во рамки на работна посета на Брисел, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски  прашања д-р Теута Арифи денеска се сретна со комесарот за проширување и соседска политика на Европската комисија Штефан Филе.

За време на средбата вицепремиерот Арифи го информираше комесарот Филе за напредокот во реализацијата на активностите од Оперативниот патоказ за исполнување на целите од Пристапниот дијалог на високо ниво. Поконкретно, Арифи се осврна на активностите во делот на слободата на изразување, реформите на јавната администрација, извештајот за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор, реформите во судството и изборните реформи.

Вицепремиерот Арифи информираше дека реализацијата на предвидените мерки се одвива согласно утврдената динамика и дека се очекува голем дел од обврските да бидат реализирани до одржувањето на третиот состанок на Пристапниот дијалог.