Во Врапчиште започна изградба на филтерска станица за локалниот водовод

Во гостиварско Врапчиште денеска беше означен почетокот на изградбата на објектот за филтерската станица на водоснабдителниот систем, во присуство на вицепремиерот  за Рамковен договор Муса Џафери и министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми. 

Според Адеми, проект ќе биде помогнат и од Министерството за животна средина и просторно планирање  за што од Буџетот за годинава веќе се обезбедени 6 милиони денари.

 - На овој начин, сметам дека освен што ќе обезбедиме квалитетна и чиста вода, ќе влијаеме и на заштитата на здравјето на жителите на од селата Зубовце, Галате и Врапчиште, рече министерот Адеми.

Изградбата на филтерската станица ќе чини околу 17 милиони денари. Во неа ќе бидат вградени автоматски двослојни филтри, а капацитетот ќе биде 30 литри во секунда. Во инвестицијата со свои финансии учествува и општина Врапчиште.

Од водоводот во Врапчиште со вода за пиење се снабдуваат околу седум илјади жители.