Министерот Бесими и началникот на ГШ на АРМ Котески на крос-кантри трчање во рамки на „20 години АРМ“

На Градската плажа – кеј на реката Вардар кај Воениот стадион, министерот за одбрана на Република Македонија Фатмир Бесими и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески го отворија натпреварот во крос-кантри трчање на 5 килметри во машка и на 3 киломтери во женска конкуренција.

На кросот, во организација на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, што се одржува по повод 18-ти Август – Денот на АРМ и јубилејот „20 години АРМ“, Бесими и  Котески, учествуваа натпреварувачи од сите единици на АРМ.

Во поединечна женска конкуренција во крос-кантри трчање на 3 километри прво место освои проф. војник Верица Параскова од баталјонот Воена полиција односно Здружената оперативна команда(ЗОК), второ место освои постар водник Ирена Лекоска од Полкот за специјални операции(пСО) и трето место освои водник Весна Трајковска, исто така од пСО.

Во поединечна машка конкуренција во крос-кантри трчање на 5 километри првото и второто место го освоија припаднии на пСО, односно капетан Игор Јакимовски, и проф. војник Игор Цветановски, доека третото место му припадна на проф. војник Добре Кузмановски од ЗОК.

Во екипна машка и женска конкуренција првите места ги освои екипата од пСО, вторите екипата од ЗОК и третите – екипата од КОД.

Доделувањето на наградите, медаљи за првите три места во поединечна машка и женска конкуренција и пехари за најдобрите екипи кои го освоија првото место и во машка и во женска екипна конкуренција се одржа на Воениот стадион во градскиот парк во Скопје.

Освен натпреварувачите од единиците на АРМ, на натпреварот учествуваа и одбранбеното аташе на САД, Џефри Предмор, кој освои 24 место, со неговите тројца синови, од кои едниот го освои 14-то место, а другиот 55. место и одбранбеното аташе на Србија, Жељко Симиќ, кој освои 44 место.

По истиот повод, денеска се одржа и натпревар во планинско трчање на 12 километри, со старт на магистралниот пат Кичево - Охрид (на патот за Славеј Планина), а целта беше кај споменикот на Славеј Планина. Натпреварот во планинско трчање го отвори Заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, а учествуваа припадници на АРМ од сите единици.