По 20 години набавени нови 2.000 болнички душеци за македонските клиники

Нови 2.000 болнички душеци вредни вкупно 12 милиони денари набави Министерството за здравство. Душеците ќе бидат дистрибуирани на Скопските клиники „Мајка Тереза“, како и во повеќето клинички и општи болници низ Македонија.

- Набавката ќе ги покрие речиси сите искористливи легла на клиниките. Со неа ќе се постави нов стандард кој во иднина, верувам, ќе се одржува. Душеците се од полиуретанска пена, антибактериски се, воодоотпорни и лесно се перат. Воедно се флексибилни, се прилагодуваат на телото на пациентот, изјави денеска ресорниот министер Никола Тодоров по пристигнувањето на пратката.

Душеците во македонските болници не се сменети повеќе од 20 години. Како што рече Тодоров, поголема набавка имало во перидоот 1991/1992 година, но некои од душеците се многу постари со исклучок на донираните од општетстевно одоговорните компании и поединци.

- Душеците се користат постојано, 24 часа, во секоја здравствена установа и се еден од посуштествените елементи при перцепцијата на пациентот за здравстнеиот систем. Наша обврска, како здравствена власт, е да обезбедиме што е можно подобар третман и услови за пациентите, истакна министерот.

Тој најави набавка на нови кревети за Детската клиника, а следствено и соодветни, помали душеци, за деца.