Ѓорѓиев: Владата отвора 14 нови градинки во рурални средини

Прес- конференција на портпаролот на Владата на Република Македонија, г-дин Александар Ѓорѓиев

Почитувани,

Владата посветува големо внимание во областа на социјалната политика, за што сведочат над 200 проекти и мерки кои се преземени во оваа област. Значаен дел од оваа активност зазема обезбедувањето на услови за воспитување и грижа за децата која се изведува преку воспитно образовната дејност. Во таа смисла, Владата зазема став уште позначаен фокус во идниот период да биде ставен на проширување на можностите и капацитетите за прифаќање на децата во градинките, и тоа преку отворање на нови градинки и капацитети.

Владата подготви прецизен акциски и динамичен план преку кој ќе се овозможи отворање на нови градинки. Носител на активноста е Министерството за труд и социјална политика. Планот има повеќе фази и ќе се реализира етапно.

Со цел згрижување и социјализација на најмладата популација, во првата фаза Владата одлучи да бидат отворени 14 нови капацитети на градинки во 13 општини на територијата на целата држава. Овие 14 градинки имаат примарна цел на задоволување на потребите и интересите на граѓаните, родителите и децата, во руралните средини. Градинките ќе бидат отворени преку адаптација на просторни капацитети во руралните средини. За оваа цел Владата обезбеди и ќе ангажира и финансиски средства за реализација на сите потреби во врска со проектот, во вредност од над 2 милиони евра.

Извршена е теренска посета на овие објекти и стручна комисија на лице место констатираше дека објектите ги исполнуваат просторните, социјални и технички услови за вршење дејност градинка, имаат посебни влезови, двор, посебни тоалети, и соодветни простории. Тоа се следните градинки, во следните општини и населени места:

1.    Општина Виница (с.Трсино)
2.    Општина Градско (нас.Градско)
3.    Општина Дојран (Нов Дојран)