Средби на вицепремиерката Арифи со Даниел Сервер и Хедер Конли во САД

Во рамки на работната посета на САД, заменикот на претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања д-р Теута Арифи на 19.09.2012 година се сретна со Даниел Сервер од Школата за напредни меѓународни студии при Универзитетот Џон Хопкинс и со Хедер Конли, директор и постар соработник на Програмата за Европа во Центарот за стратешки и меѓународни студии.

За време на средбите вицепремиерот Арифи информираше за имплементацијата на активностите во рамки на Пристапниот дијалог на високо ниво, при што истакна дека успехот кој се постигна во овој процес е од голема важност за процесот не европска интеграција на Република Македонија. Поконкретно, Арифи се осврна на законот за декриминализација на клеветата како значаен за слободата на изразување, потоа реформите во областа на изборите како и усвојувањето на извештајот за имплементацијата на Охридскиот рамковен договор. Таа исто така истакна дека очекува овие постигнувања да бидат соодветно валоризирани и во овогодинешниот Извештај за напредокот на земјата.

Вицепремиерот Арифи имаше обраќање и во Германскиот маршал фонд на тема „Интеграцијата на Македонија во ЕУ: Улогата на Пристапниот дијалог и следните предизвици“. Во своето обраќање Арифи подвлече дека Пристапниот дијалог има голема важност за еворинтеграцијата на Македонија бидејќи овозможи да се внесе нова динамика процесот и да се спроведат суштински реформи во чувствителни области. Во однос на предизвиците, вицепремиерот посочи дека е потребно да се искористи позитивната атмосфера и со максимален ангажман на сите фактори да се продолжи имплементацијата на активностите од европската агенда.