Македонската делегација се сретна со Генералниот секретар на ОOН, Бан Ки-мун

Македонската делегација, што ја предводи Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска, во Њујорк, оствари средба со Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун.

На средбата беше реафирмирана подготвеноста на Република Македонија за продолжување на  активен и конструктивен дијалог за решавање на разликата околу прашањето за името со Грција,  под покровителство на Генералниот секретар на Обединетите нации.

Беше  реафирмирана и поддршката на Република Македонија за активностите на ОН, а беа разменети мислења и за актуелните прашања на агендата на светска организација.

Од наша страна е побарано спорот да се води исклучиво во рамките предвидени од резолуциите на Обединетите нации посветени на спорот, Времената спогодба и со почитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата.