Арифи: Извештајот на ЕК најпозитивен досега, предложената рамка дополнителен импулс за евроинтеграциите

Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија е најпозитивниот досега, а понудената рамка за решавање на спорот за името во рана фаза од почетокот на преговорите е многу важен момент и дополнителен импулс во однос на евроинтеграциите, кој треба максимално да го искорстиме, оцени вицепремиерката за евроинтеграции Теута Арифи на денешната прес-конференција по повод објавувањето на Извештајот.

- Рамката која ја предложи еврокомесарот Филе за преговорите за членство и преговорите за името е во духот на креативниот пристап, кој и досега го практикуваше ЕК, а има за цел да придонесе за задржување на фокусот врз евроинтеграцијата. Ова е многу важен момент и треба максимално да ја искористиме оваа позитивна атмосфера и пред се поддршката, која доаѓа од нашите партнери во ЕУ и да продолжиме со истиот интензитет да работиме на реформите од нашата агенда. Исто така да градиме и добри, отворени позитивни односи со сите соседи. Исто толку е важно што ЕК преку предлог во ваква рамка сака да даде дополнителен импулс за нашата земја и верува дека ќе го задржиме нашиот конструктивен пристап во преговорите, но и во процесите кои овозможуваат полесна интеграција во ЕУ, која е наша стратегиска цел, посочи Арифи.

Вицепремиерката се осврна и за мемораднумот за разбирање предложен од грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Авеамопулос.

- За Меморандумот сметам дека треба да имаме целосна позитивна атмосфера. Мислам дека Балканот има потреба од позитивитет во дебатата за ЕУ и ценам дека земјите членки на ЕУ од соседството треба да го поддржат проширувањето на Унијата причина повеќе да се сите членки на еден ист систем, истакна Арифи.

Таа информира дека Секретаријатот за европски прашања веќе направи анализа за секое поглавје поединечно за да се направи пресек на досегашните резултати и на препораките за натамошни подобрувања по области.

- И по оваа анализа останува впечатокот дека станува збор за многу позитивен извештај во кој се нотирани значајни резултати и остварувања на обврските кои произлегуваат од процесот на евтоинтеграциите. Овој успех е резултат на максимална ангажираност на институциите, НВО секторот и нашите партнери од ЕК, рече Арифи.

Таа подвлече дека направената анализа ќе бидe прва основа за формирање на вториот патоказ, за кој бевме задолжени од страна на Владата и со кој ќе бидат адресирани прашања кои остануваат многу значајни за нас, како и да ја задржиме динамиката во добрите односи со ЕУ.

Во однос на реформите во администарцијата, посочи дека за ова прашање секогаш сме биле свесни имајќи предвид дека овој дел беше дел и од дијалогот на високо ниво. Адресирано е додаде, преку градење поефикасна законска рамка за јавната администрација, а се работи и со претставници на ЕУ и очекува наредната година земјата да се подобри за неколку оценки повеќе во однос на ова прашање.

Меѓуетничките односи се нотирани во реална и коректна мерка. Сметам дека е особерно важно како што се предлага од ЕУ да ги следиме линиите на Охридскиот рамковен договор како еден од гарантите на внатрешната стабиулност и кохезија како еден од гарантите за ЕУ и НАТО интеграција

Според неа, ЕУ секогаш покажувала голема конструктивност и разбирање за процесот на проширување. ЕК и ЕУ во целост покажаа голема ангажираност да се најде пат низ кој би чекореле сите земји од ЈИЕ, а разговорите со Грција остануваат во рамките на ОН.

За тоа дека некои го критикуваат Извештајот, Арифи вели дека е направена компаративна анализа со претходните извештаи и оти е „многу, многу подобар“.