Анкета: Никола Груевски најпопуларен политичар

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски е најпопуларниот политичар и според најновото истражување на Институтот за политички истражувања од Скопје, според кое и коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ е со најголем рејтинг.

Според анкетата на прашањето за која партија би гласале доколку парламетнарните избори би се одржале следната недела, 22,5 проценти од испитаниците одговориле за коалицијата ВМРО-ДПМНЕ, 16,5 проценти за коалицијата на СДСМ, 6,5 проценти за ДУИ, 3,9 проценти за ДПА, 1,3 проценти за НДП. Од испитаниците 14,1 проценти одговориле дека нема да гласаат за ниедна партија, а 34,3 проценти немале одговор.

На парашањето кој политичар би го избрале како иден премиер на Република Македонија, 23,3 проценти биле со одговор дека ќе го изберат Никола Груевски, 8,1 Бранко Црвенковски, 6,2 проценти Али Ахмети, 4 проценти Радмила Шеќеринска, 3,6 проценти Зоран Заев, 3,4 проценти Мендух Тачи, 1,3 проценти Руфи Османи. Без одговор на прашањето биле 27,7 проценти, а 21,9 проценти одговориле дека ниеден политичар не би избрале.

Институтот за политички истражувања од Скопје телефонската анкета ја спроведе од 29 октомври до 1 ноември на 1115 испитаници.