Груевски нема фаворит на изборите во САД, кој и да победи соработката продолжува

Премиерот Никола Груевски вели дека нема фаворит меѓу кандидатите за претседател на САД на изборите кои се одржуваат денеска, но оти кој и да биде избран Македонија ќе ја продолжи соработката со Вашингтон како наш стратешки партнер.

- САД се наш стратешки партнер. Ние се обидуваме во секоја прилика да го продлабочиме тоа партнерство и на политички и на економски план, и тука имаме одлични релации. Независно кој е на власт политиките генерално остануваат исти. Нормално, секој поединец има свои специфики,  меѓутоа глобалните политики остануваат во рамките на едно сратешко партнерство кој и да победи ние ќе ја продолжиме соработката со тој што ќе го изберат граѓаните на САД, рече премиерот Никола Груевски по  по промовирањето на лабораторија за молекуларна дијагностика на Медицинскиот факултет во Скопје.