Павлески:Данските бизнисмени заинтересирани за производство во индустриските зони и за земјоделството

Владиниот економски тим предовден од премиерот Никола Груевски попладнево имаше средба со повеќе претставници на компании од Кралството Данска кои се во посета на Република Македонија.

Министерот за привлекување странски инвестиции Бил Павлески по средбата изјави дека посетата на четириесетината дански бизнисмени е резултат на владината економска турнеја за презентација на поволностите кои нашата земја ги нуди за странските инвеститори која се одржа во текот на годинава во повеќе скандинавски држави.

- Ова е доказ дека нашите бизнис форуми имаат резултат. Компаниите доаѓаат да ги видат можностите за отворање бизнис во Македонија, рече Павлески.

Секторите за кои се заинтересирани бизнисмените, како што посочи, се информатичката технологија, производството во индустриските зони и земјоделството.

- Посебно се заинтересирани за производство на продукти во Македонија кои можат да се извезуваат на странските пазари со акцент на европските, рече Павлевски.