Попоски: Пред декемврискиот совет на Унијата, Македонија има кристално чисто досие

Во пресрет на декемврискиот совет на ЕУ, Македонија има кристално чисто досие од аспект на оценката на Европската комисија. Претстојната рунда разговори за името со посредникот на ОН Метју Нимиц е добра можност да се покаже колку е конструктивен секој и колку ги почитува превземените обврски, истакна министерот за надворешни работи Никола Поповски реферирајќи на отворената седница на Владата за реализацијата на припоритетите на земјата за влез во ЕУ и НАТО.

- Најмногу дискусиите се однесуваат за очекувањата во пресрет на декемврискиот совет. Она што е доста значајно за нас е дека имаме кристално чисто досие од аспект на оценката на ЕК, тоа би го истакнал како позначен елемент во делот на носење на одлуки, изјави шефот на дипломатијата.

Попоски посочи дека е изработен Патоказ за реализација на приоритетните цели за 2012 година и оти се завршува со агендата од пристапниот дијалог. Патоказот е испратен до Парламентот и до Брисел, каде е разгледан. Видливи се резултатите, според него, во делот на правосудството. Поголем дел од законодавството е усогласено, што, вели тој, за нас е предност.

-         Се работи за комплетирање на сите оние мерки што ги имавме предвидено во рамки на пристапниот дијалог и заокружување на сето она што ни е потребно за де факто почеток на преговори. Мислам дека со ова ни останува само да ја добиеме онаа практична одлука и да отпочне скринингот по поглавја, односно оценка за тоа колкава ни е усогласеноста на законодавството во секој од тие делови, изјави министерот за надворешни работи.

Во однос на консултациите што вклучуваат експерти, тие, додаде Попоски, се одвиваат според соодветната динамика. До крајот на годината треба да се одржат голем број обуки во делот на администрацијата.

- Ова ќе бидат дополнителни резултати за нешто што не било дел од преговори претходно, рече тој.

Следна рунда, засега нема се планира бидејќи, смета Попоски, со ова го имаме заокружено пристапниот дијалог од аспект на дадени резултати. 

-  Тоа што сигурно ќе го имаме е при следна посета од страна на ЕК да презентираме колку ќе бидеме подготвени во делот на легислативата односно колку ни е усогласено законодавството. Тоа би го очекувале за следна фаза односно експерти на ЕК да дадат оценка по секоја од 35 поглавја колку сме усогласени. И да дадат препораки за почеток на преговори, појасни министерот за надворешни работи.

Македонија, како што реферираше Попоски, ја има изработено редовната годишна национална програма за влез во НАТО за следната година.

- Во оваа фаза ние сме де факто земја - членка на НАТО. Мислам дека и ова ги поклопува сите оние испорачани наши резултати, учества во НАТО било да е во политичкиот дел, било да е во безбедносниот, рече министерот за надворешни работи. Додаде дека во меѓувреме е потпишан и договор за учество во мисиите од делот на безбедносна и заедничка надворешна политика со ЕУ. - И во тој дел сме целосно компатибилни да можеме да учествуваме на ниво на земја членка, истакна Попоски на отворената седница на Владата.