Средба на министерот Попоски со австралиската амбасадорка Хелена Стадерт

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ја прими Хелена Стадерт, амбасадор на Австралија за Република Македонија, со седиште во Белград.

На средбата, информираат од МНР, беа разменети мислења за повеќе аспекти на билатералните односи меѓу двете земји.

- Во тој контекст, беше подвлечено значењето од остварувањето на посети на високо и највисоко ниво, јакнењето на економската соработка и трговската размена, привлекувањето на австралиски инвестиции, како и соработката во меѓународните организации, соопшти МНР.

Министерот Попоски,се посочува во соопштението, го честиташе неодамнешниот избор на Австралија за непостојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации за 2013-2014 година.