Јанкулоска: Четвртина од вработените во МВР се жени

Родово сезитивната политика е реалтивно ново начело за почотивање во целиот свет, особено во земјите од ЈИЕ, а наспроти неа се уште стојат силни стари клишеа, навики и предрасуди. Единствено преку постојано образување, обуки, дискусии и активности можеме да го промениме стереотипот што не засега нас, жените.

Ова го нагласи министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната презентација на насоки за родова сензитивна полициска пракса со посебен фокус на привлеквуање, селекција и професноален развој на жените во полицијата.

- Единствено преку постојано акцентирање на еднаквоста на половите, на способноста за соочување со сите обврски и задачи кои ги носи една професија, покажувањето истрајност и поставувањето на пример во работењето, можеме да успееме во тоа, рече Јанкулоска.

Половата структура на МВР покажува дека четвртина од вработените се жени, меѓутоа, информира таа, во подкатегориите на овластени службени лица, полициски и државни службеници и административен персонал постојат значителни разлики. Жените доминираат во делот на административните работи, додека нивниот процент во униформираната и криминалистичка полиција се движи од 2 до 15 проценти, што е, потенцира Јанкулоска, недоволно и е под утврдениот минимум на најдобрите практики за 30 процентна застапеност на ените во полицијата.

- И во случајот со македонското МВР, важат традиционалните женски полициски работи за работа со малолетна популација, со жени, со повратници, со жртви, како и во делот на меѓународната полициска соработка, превенцијата, заштитата на сведоци и слично, појасни Јанкулоска. Сепак, посочи таа,  со нескриена амбициозност поткрепена со соодветна наобразба и едуцираност, жените покажаа и докажаа дек аможат и знаат, сосема рамностојно со „посилниот пол“ д се носат со сите предизвици на професијата и во голем дек од областите на полициското работење да бидат далеку поуспешни и поефикасни од нивните машки колеги.

Инаку, со МВР на Република Македонија досега раководеле две жени, а Гордана Јанкулоска е на оваа функција од 2006 година.

Според Диедре Бојд, координаторот на ОН и УНДП, во рамки на проект WPON - Женска Полициска мрежа во Југоисточна има постигнато бројни успеси во оваа сфера, но се уште има многу да се направи  при вработувањето, обуките и развојот на кариерата на жените во полицијата. Може да се забележи, смета таа, дека и покрај тоа што жените постигнуваат импресивни резултати на полициските академии во регионот, многу малку од нив се на повисоките раководни нивоа во полициските служби.

- Треба не само правични услови за вработување на жените во полицијата, туку и полициските служби да го претставуваат целото општество на кое и служат и да одговорат на сите граѓани, рече Бојд.

Целта на проектот, нагласи Јулијана Трајковиќ, член на Совет на Женска полициска мрежа во ЈИЕ, е да се зајакне положбата и професионалниот развој на жените во полицијата, како и новното напредување во кариерата. Таа смета дека жените имале исклучителен придонес во новиот квалитет и ефикасноста во полицијата.

Инаку, насоките за родово сензитивна полициска пракса, е само еден дел од напорите кои се прават во нашата држава за унапредување на родовата рамноправност, а истовремено е и резултат на активностите преземени во насока на исполнување на одлуката на Мрежата на жени полицајци од земјите на ЈИЕ за изготвување на практични и применливи препораки, а со цел да и помогне на Асоцијацијата на шефови на полиции на ЈИЕ - СЕПКА во формулирање на активностите за привлеквуање на квалитетни кандидатки за работа во полицијата, нивно задржување и натамошен професионален развој.