Македонскиот ИЗИС центар на УНЕСКО

Македонскиот Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИС аплицира  да стане центар на УНЕСКО со што ќе прв институт од тој тип во организацијата. За претстојните активности за приемот дискутираа денеска министерот за обрзование и наука  Панче Кралев со директорот на ИЗИС Михаил Гаревски.

- Идниот прием на Институт за центар на УНЕСКО од категорија 2 е од исклучително значење и за ИЗИС и за Македонија бидејќи нема друг институт од овој тип што е примен во УНЕСКО, изјави по средбата Гаревски.

Со министерот Кралев разговарале за законските измени што треба да следат за апликацијата за УНЕСКО, што ќе било одлучено во следниот период заедно со Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ каде ИЗИС е членка.

Според Кралев, добивањето на  статусот  центар на УНИЕСКО е уште една причина за гордеење со ИЗИЗ како институција што ја направи државата лидер во научно-истражувачката дејност во сеизмологијата. 

-  ИЗИС е врвна институција во научно-истражувачките  достигнувања и во апликативната дејност. Работи  научни  истражувања во рамки на проекти  овозможени преку Министерството за образование и наука и досега  има обезбедено приближно милион евра од различни проекти кои ги имаат генерирано сами и  на кои се или носители или координатори, изјави Кралев и додаде дека ИЗИС редовно  редовно аплицира  и добива финансии и од НАТО  за научно истражувачка дејност.

- Станува збор за институт за кој може да се каже дека е центар на извонредност, категорија  што ја воведовме пред извесно време во Македонија. Планираме  да се покрене една таква постапка за овој институт со што ќе се даде на значење одличната работа што ја спроведува Институтот, рече Кралев.

Тој истакна дека Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија има уникатна лабораторија во регионот за симулација на земјотреси, научно-истражувачки и апликативен потенцијал за домашните градби, но и за тие надвор од државата  доколку некоја од компаниите е заинтерсирана за проверка.

Во одговор на новинарски прашања директорот на ИЗИС истакна дека најголемиот дел од зградите што се градат во Скопје се доволно безбедни за да го издржат дури и земјотресот во главниот град од 1963. Како институција, според Гаревски, би сакале повторно да го имаат последниот збор за безбедноста при изградбата на зградите, иако, како што рече, некогаш се мисли оти тоа е загрозување на конкуренцијата.

ИЗИС досега има обучено  академски граѓани од над 30 држави во светот. Редовно учествува на голем број конференции, а следната година ќе  организира меѓународна конференција  со над 1.000 делегати по повод  50 годишнината од земјотресот во Скопје.