Центар за детска офталмологија ќе се отвора со украинска помош

Македонија ќе добие Детска офталмологија. Ќе биде во рамки на Детската клиника, а ќе почне со работа откако ќе заврши обуката на тимот доктори во Украина.

Ова го соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров по средбата со директорот на Центарот за микрохирургија на очи - Киев- Украина д-р Сергеј Риков на која е разговарано за меѓусебната сорботка.

Тимот од три до четири доктори се очекува да замине во Украина до крајот на оваа година или почетокот на наредната. Ќе се обучува на еден од петте офталмолошки центри во Украина од повеќе области, како и за офталмолошка хирургија и третман на ретинопатија кај децата.

- Соработката со Украина е долгорочна, а таа ќе придонесе да се зголеми квалитетот на здравствените услуги што ги даваме, изјави министерот по средбата додавајќи дека хендикеп на Македонија нема Детска офталмологија.

Риков истакна дека отворањето на Детската офталмологија е многу важно, бидејќи ќе придонесе таа да се спречи. Се проценува дека околу 70 илјади деца во земјава имаат некаков проблем со очите.  

Според него Македонија има современа опрема, но оти има малку стручњаци во офталмологијата. Тој ја изрази подготвеноста да примат млади кадри на обука.

Украина има пет офталмолошки развиени центри.