Груевски: Oпозицијата создава меѓуетнички тензии

Она што ние секогаш го правиме е најдоброто во даден момент за интересите на Република Македонија и така ќе продолжиме, нагласи денеска премиерот Никола Груевски по промоцијата на нови дела од едицијата „Превод на литературни дела на добитници на Нобелова награда за литература“.

- Опозицијата ја користи секоја прилика да креира, да создава тензии, да обвинува и да напаѓа, рече претседателот на Владата, одговарајќи на прашањето на новинарите како ги коментира обвинувањата од СДСМ во врска прославата по повод 100-годишнината од независноста на Албанија и албанското знаме.