Ѓорѓиев: Акциски план за заштита на граѓаните од студеното време
Прес-конференција на портпаролот на Владата на Република Македонија, г-дин Александар Ѓорѓиев
Почитувани,
Со цел да излезе во пресрет на граѓаните соочени со ниските температури во зимскиот период, Владата на Република Македонија усвои Aкциски план за превенирање на штетните влијанија и последиците од студеното време и студените бранови врз здравјето на населението во Република Македонија.
Планот е наменет за професионалците и институциите кои обезбедуваат здравствена и социјална заштита, како и за институции кои имаат одредени ингеренции и можност да пружат заштита на лицата кои се под ризик од студеното време во зимскиот период, а тоа се пред се постарите лица, поради нивниот побавен метаболизам во споредба со помладите, новороденчиња и деца во предучилишна возраст, како и лица со одредени заболувања и понизок социо– економски статус, односно социјално загрозени лица - кои не можат да си дозволат адекватно затоплување на нивните домови.
Ова е прв ваков план кој покажува посветеност, но и проактивност на Владата за соочување со ваквите предизвици. Акцискиот план за превенирање на последиците од студеното време врз здравјето на населението во Република Македонија опфаќа однапред утврдени активности кои вклучуваат координирана активност на повеќе Министерства и други институции и организации, како Институт за јавно здравје на РМ и 10-те Центри за јавно здравје, Институтот за медицина на труд на РМ, Центарот за управување со кризи, Управа за хидрометеоролошки работи, Дирекцијата за заштита и спасување, Црвениот крст на Република Македонија, НВО, вклучувајќи и претставници на медиумите.
Изложеноста на ладно време предизвикува различни респираторни состојби:
• задушување, кивање и особено ринореа.
• предизвикува стеснување и структурални промени на дишните патишта.
• Прагот на коронарни заболувања се зголемува за 0-2% на 1°C намалување на температурата. Ова зголемување започнува 1-14 дена по падот на температурите.
• Штетните последици од ладното време се поголеми кај жените отколку кај мажите, и кај луѓето кои страдаат од срцеви заболувања.
Степените на опасност на метеоролошките параметри, во случај ниските температури на воздухот се дефинирани во Метео-алармот на web-страницата на УХМР во четири нивоа (бои):
зелена (нема опасност),
жолта (предупредувачки),
портокалова (студен бран),
црвена (екстремно ниски температури ).
За поточно да се дефинира временската прогноза и да се процени дали станува збор за ладен бран, значајни се и други карактеристики на воздушните маси, особено правецот и брзината на струењето на различни слоеви на атмосферата. Доколку има струење на воздухот од северните подрачја, и ако неговата брзина е над 2 м/с тогаш ваквата состојба дополнително ќе има влијание за намалување на температурата и врз степенот на комфорност кај човекот. При поголеми брзини на струење на воздухот, односно при ветровито време ќе се има чувство дека температурата на воздухот е пониска и над 4 степени.
Планот превидува 3 главни фази, кои се активираат во зависност на температурните промени во еден од определените 6 региони во државата. Како ориентирана температура се смета просечната дневна температура
На овие три фази им претходи подготвителност-фаза 0
–која продуцира состојба на будност / односно подготвеност на институциите.
Потоа следат:
Фаза 1 – жолта боја – која продуцира состојба на предупредување.
Македонија, согласно податоците добиени од УХМР, моментално се наоѓа во жолта фаза
Оваа фаза опфаќа повеќе активности како:
1. Објавување на препораки до јавноста преку медиумите, со посебен акцент на најранливите групи.
2. Налог за активирање на општите и специфични мерки доставен до здравствените, образовни социјални установи со цел редуцирање на ризиците од студеното време за најранливите популациони групи.
3. Примена на поактивен пристап наменет кон старите осамени лица и социјално изолираните лица и бездомниците преку домашни посети со помош на активисти на Црвениот крст и вклучување на локалната самоуправа и Центрите за социјални грижи, согласно планираното во подготвителната фаза.
4. Помош на ранливите групи (стари и осамени лица) при обезбедување на огрев, храна , лекови
Фаза 2 – портокалова боја – студен бран
Во оваа фаза-
1. По проценка Препораки од Влада на РМ за ослободување од работни места на лица постари од 60 години, бремени жени, скратување на работно време, реорганизација на работното време во образовните установи
2. Ќе бидат активирани општи и специфични мерки во здравствените, образовни, социјални установи со цел редуцирање на ризиците од студеното време за најранливите популациони групи.
3. Помош при дотур на храна и лекови, огрев или здравствена помош на социјално згрозени лица
4. Обезбедување на прифатилишта за бездомници и по потреба нивно активирање
Постојани соопштенија за состојба на приправност (алерт), за:
1. општото население (преку медиуми),
2. ризични групи,
3. здравствени, социјални и образовни установи,
по добиена најава од страна на Управата за хидрометеоролошки работи за студен бран и студено време.
5. Спроведување на мерки за заштита на лицата изложени на студ на работните места.
Последната фаза е фазата 3 – црвена боја – фаза на екстремно ниски температури
Во оваа фаза ќе се врши:
1. Обезбедување на проодност на транспортна инфраструктура и чистење на тротоари и патеки.
2. Обезбедување на прифатилишта за бездомници и нивно активирање
3. Преземање на акции насочени кон специфични ранливи групи, како што се старите лица кои живеат сами и лицата со попреченост во психичкиот и физичкиот развој (со посебни потреби).
4. Предлагање на дополнителни мерки за разгледување од страна на Владата во однос на работното време, за одредени сектори каде не се нарушува работниот и образовниот процес во контекст на заштита на здравјето на луѓето, вклучително и ослободување на работните обврски на најранливите групи на населението. Ваквите мерки ќе се разгледуваат поединечно и специфично за областите зафатени со студени бранови и студено време.
5. По потреба прогласување на кризна состојба и постапување во услови на кризна состојба итн.
При екстремно ниски температури, особено оние проследени со недостаток или дефект на електричната енергија, нарушена критична инфраструктура и отежната сообраќајна и електронска комуникација, се активира Републичкиот план за заштита и спасување од природни непогоди и други несреќи
Целиот план содржи вкупно 36 мерки односно акции за справување со студеното време.
Исто така постои Комисија за климатски промени и здравје при Министерството за здравство која има функција на координативно тело, и е одговорна за координација на вклученоста на институциите при спроведувањето на активностите предвидени во Планот и обезбедување на мултисекторска соработка.
Спроведени се протоколи за реализација на овие мерки до сите надлежни институции во кои се посочени мерки кои треба да се превземат.
На крајот на секоја сезона ќе се изготвува извештај со наведените параметри. Резултатите од евалуацијата и завршниот Извештај за секоја сезона ќе бидат достапни на веб страната на Институтот за јавно здравје на РМ.
Владата на Република Македонија со овој план ќе ги преземе сите неопходни мерки, во рамките на нејзините овластувања да се заштитат граѓаните од студеното време, особено оние ранливи категории на граѓани за полесно и побезболно да се надмине студеното време. Апелираме на смиреност и уверуваме на целосна подготвеност на институциите да се соочат со предизвиците.
Додаток бр. 3
Температурни граници на системот за рано предупредување од студени бранови изразени во °Ц
ПРАГОВИ НА ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ НА ВОЗДУХОТ ВО МАКЕДОНИЈА (°C) |
|
|
|
||||||||
|
I |
II |
III |
IV |
V |
IX |
X |
XI |
XII |
||
РЕГИОН СВ Северно од Вардар
|
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ |
-16 |
-12 |
-8 |
-3 |
-1 |
-1 |
-4 |
-9 |
-12 |
|
СТУДЕН БРАН |
-20 |
-16 |
-10 |
-5 |
-3 |
-4 |
-6 |
-11 |
-15 |
||
ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ |
-25 |
-19 |
-13 |
-7 |
|
|
-8 |
-14 |
-19 |
||
РЕГИОН ОМ Осогово Малешево
|
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ |
-17 |
-14 |
-10 |
-4 |
-1 |
-2 |
-5 |
-13 |
-14 |
|
СТУДЕН БРАН |
-22 |
-19 |
-14 |
-6 |
-3 |
-5 |
-8 |
-17 |
-18 |
||
ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ |
-28 |
-24 |
-19 |
-9 |
-5 |
-8 |
-10 |
-21 |
-23 |
||
РЕГИОН ЈВ Ј-Јужно од Врадар
|
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ |
-13 |
-10 |
-6 |
-1 |
-1 |
-1 |
-2 |
-7 |
-12 |
|
СТУДЕН БРАН |
-19 |
-13 |
-9 |
-3 |
|
-3 |
-4 |
-9 |
-15 |
||
ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ |
-24 |
-16 |
-11 |
-4 |
|
|
-6 |
-11 |
-18 |
||
РЕГИОН ПЕ Пелагонија
|
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ |
-18 |
-13 |
-8 |
-2 |
-1 |
-2 |
-5 |
-10 |
-14 |
|
СТУДЕН БРАН |
-24 |
-17 |
-11 |
-4 |
-3 |
-5 |
-8 |
-13 |
-17 |
||
ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ |
-29 |
-21 |
-15 |
-6 |
|
-3 |
-10 |
-16 |
-21 |
||
РЕГИОН ОП Охрид Преспа
|
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ |
-13 |
-12 |
-9 |
-2 |
-1 |
-1 |
-2 |
-6 |
-10 |
|
СТУДЕН БРАН |
-17 |
-15 |
-12 |
-4 |
|
|
-4 |
-9 |
-13 |
||
ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ |
-21 |
-19 |
-16 |
-6 |
|
|
-6 |
-12 |
-16 |
||
РЕГИОН ПП Полог Порече
|
ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ |
-19 |
-18 |
-16 |
-8 |
-2 |
-2 |
-6 |
-12 |
-17 |
|
СТУДЕН БРАН |
-23 |
-23 |
-21 |
-11 |
-4 |
-4 |
-9 |
-15 |
-20 |
||
ЕКСТРЕМНО НИСКИ ТЕМПЕРАТУРИ |
-28 |
-27 |
-27 |
-14 |
-5 |
-7 |
-12 |
-18 |
-23 |