Министерот Јанакиески се сретна со жителите на Белчишта
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески со претставници од „ЕВН Македонија“ денеска го посети населеното место Белчишта во општина Дебарца за да се сретне со жителите засегнати од временските непогоди.
Како што информира Министерството за транспорт и врски, Јанакиески ги информирал дека во Владата е формирано координативно тело кое континуирано ја следи состојбата на терен и работи на обезбедување решенија за соодветен пристап.
Во соработка со „ЕВН Македонија“, пак, е овозможено приклучување на електричната енергија до населените места каде што имаше прекин во напојувањето.
- Министерот ги повика општините каде врнежите на снег предизвикаа проблеми во пристапот до населените места да се вклучат преку ангажирање на сите расположливи ресурси со цел надминување на состојбите предизвикани од временските неприлики и овозможување нормални услови за живот на граѓаните во текот на зимскиот период, соопшти МИнистерството за транспорт и врски.