Премиерот Никола Груевски присуствуваше на божиќна литургија во црквата „Св. Петка“
По повод одбележувањето на Рождеството Христово - Божиќ, денеска премиерот Никола Груевски присуствуваше на свечена божиќна литургија во црквата „Св. Петка“.
Премиерот Груевски на сите верници од христијанска вероисповед им го честиташе Божиќ и посака овој празник да донесе многу здравје, среќа, радост, напредок и успеси за сите во државата.
- Овој празник да ни помогне на сите да се справуваме со предизвиците кои се пред нас, со безработицата, со сиромаштијата и со сите други предизвици со кои секојдневно се соочуваме. Да ни даде повеќе сила и енергија. Да одиме напред како држава, како народ, како граѓани на Република Македонија. Да доаѓаат подобри моменти, подобри мигови и поголеми успеси за целата држава и за сите граѓани во неа, изјави Груевски.
Тој додаде дека паричката на бадниковата вечер се паднала кај неговата ќерка Анастасија.