Иванов, Вељаноски и Груевски на божикен ручек кај г.г.Стефан

По повод празнувањето на Свети Стефан и трет ден Божик, поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан попладнево приреди традиционален божикен ручек за државниот врв.

На божикната трпеза присуствуваа претседателот  на Република Македонија Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и премиерот Никола Груевски.
 
Покрај архиепископот г.г. Стефан, на божикниот ручек беа митрополитите преспанскo-пелагониски Петар и дебарско-кичевски Тимотеј.

Божикниот ручек се одржа во резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан.