Владата обезбеди средства за исплата на една плата на вработените во ОХИС

Во новиот Буџет Владата успеа да обезбеди средства за исплата на една плата за вработените во ОХИС, која треба да ја добијат за два-три дена.

Одлуката, која е донесена на вчерашната владина седница, ја соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој посочи дека на седницата станало збор и за долгорочно решавање на проблемот со ОХИС.

- Во однос на дорлгорочното решение за ОХИС сите промотори и сите министри за привлекување инвестиции се задолжени прилично интензивно да работат на прашањето на изнаоѓање стратешки партнер за ОХИС и на контактирање на сите потенцијални инвеститори. Тоа ќе го правиме во наредниот период до објавувањето на јавната објава и се надеваме дека ќе биде успешна, рече Ставрески кој денеска имаше средба со претставници од Мотоциклистичката федерација на Македонија по повод намалување на цената на зелениот картон за мотоцикли.