Груевски: Заедно со Филе сакаме да ја надминеме состојбата
Штефан Филе исто како нас е загрижен за состојбите со кои се соочуваме. Тој и во минатото се обидуваше да помогне и очигледно е дека и утре повторно ќе дојде во обид со заеднички сили да направиме напори да се решат работите. Ова го истакна премиерот Груевски во одговор на новинарско прашање по посетата на поплавените куќи во населбата Ливади, во Свети Николе.
- Подготвени сме за разговор врз основа на нашите принципи и позиции кои ги поставивме, но се надевам дека разумот ќе преовлада кај првиот човек на СДСМ зашто практично се доаѓа од него, рече Груевски.