Целосно либерализирана трговијата на земјоделско-прехранбени производи со Албанија
Земјоделско-прехранбените производи од Македонија и Албанија ќе се разменуваат без плаќање царина, соопшти Министерството за економија.
Либерализацијата на трговијата на овој вид производи меѓу двете земји е во согласност со Дополнителниот протокол кон Договорот за изменување и пристапување на Централно-европскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА 2006), кој е ратификуван и објавен во Службен весник на Република Македонија.
- Со дополнителната либерализација укинати се царините на преостанатите 46 отсто земјоделско-прехранбени производи кои досега се разменуваа со полна царина или се разменуваа во рамки на меѓусебно договорени преференцијални квоти, информира Министерството за економија.