Министерот Попоски се сретна со Валтер Колбо

 

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски вечер оствари средба со претседателот на Германско-македонското друштво од Берлин Валтер Колбо, кој е поранешен пратеник на Парламентот на Сојузна Република Германија.

Во фокусот на разговорите била актуелната состојба во Република Македонија и последните случувања на внатрешно-политички план, при што заеднички била нагласена важноста од одржувањето на позитивен моментум на соработка помеѓу сите релевантни фактори во земјата и демонстрирањето зрелост на политичките институции, што е од исклучително значење за напредокот во евроинтеграциите на Република Македонија. 

Министерот Попоски информирал за ангажманите на Република Македонија во надминувањето на сите политички предизвици на земјата, при што како што посочил, само со дијалог и градење на конструктивна политичка клима ќе се создадат поволни моменти во нашиот евроатлански интегративен процес, што претставува стратешки приоритет за нашата држава. Тој притоа изразил надеж за позасилена поддршка на Сојузна Република Германија за нашето членство во ЕУ и во НАТО.

На средбата заеднички била нагласена и важноста од постоењето и делувањето на Германско-македонското друштво чија цел е иницирање и унапредување на политичките, економските, културните и спортски врски меѓу граѓаните од двете земји.